Филтерот за прочистување вода стана дел од нашето секојдневие затоа што загадувања се се почести без тенденција за намалување.


Човечкиот организам е 70% вода. Ниедна клетка од телото не би била жива без вода, а со самото тоа ниту функцијата на внатрешните органи не би била возможна. Водата е клучна материја за пренос на хранливите материи, за респираторната функција, за контрола на телесната температура како и за регулација на дигестивниот процес.

Овој факт укажува колку е важна водата за нашиот организам и за животот воопшто.

Аква филтерот работи на принцип на реверзна/повратна осмоза. Реверзна осмоза претставува процес на филтрирање на водата за пиење поточно отстранување на најситните честици од водата. Овој процес се користи за пречистување на водата и отстранување на неорганските минерали, соли и останатите нечистотии со цел да се добие прочистена вода со подобар изглед, вкус и квалитет кој ги задоволува највисоките стандарди.

Преку ситните отвори на мембраните при овој процес на филтрирање на водата можат да преминат само чистите молекули на водата, а сите нечистотии остануваат на мембраната.

На овој начин добиваме чиста вода со висок квалитет за пиење и за готвење, за нас и за нашето семејство.